Вести Македонија Топ вести

Сестра ми во М-НАВ работи веќе 15 години, за критериумите прашате ги нив, јас немам никаква улога во тоа, вели Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека нема никаква улога во вработувањето на неговата сестра во М-НАВ бидејќи таа работи таму повеќе време отколку што е тој министер.

  • Работи од пред 15 години. За критериумите ќе ги прашате во М-НАВ. Јас немам никаква улога во тоа. Тоа е 12 години пред јас за станам министер за надворешни работи. И оваа тема е искористена секои избори во последните 15 години и веќе 15 години јас истото образложение го давам. Меѓутоа, очигледно изборите го прават тоа така што ќе играме по тие ноти, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција со неговиот албански колега Игли Хасани.

Покрај сестрата на министерот Османи, во М-НАВ се вработени и роднини на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе