Вести Македонија Топ вести

Палевски повеќе не е претседател на „Десна“

Љупчо Палевски повеќе не е претседател на „Десна“. Од партијата велат дека сите осомничени за убиството на Вања и Панче кои воедно се и членови на партијата, имаат замрзнато членство и функции.

На местото на Палевски, за претседател на партијата е избран Тони Алексовски, основач и член на Десна.

Јавните повици на премиерот Ковачевски и министерот Спасовски партијата да биде дерегистирана ги оценуваат како закана кон членството и сериозен политички преседан.

Првоосомничениот Палевски е се уште во привремен затвор во Турција каде беше приведен на почетокот на декември.

Македонските институции се уште чекаат информации за негова екстрадиција од турските власти. Нов 30-дневен притвор пред 10-ина дена добија уште 5 осомничени.

Тројца од нив се товарат за со извршителство на двете убиства, а двајца меѓу кои  и таткото на Вања за помагање.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

Дејан Дејан

Втората половина од годината можен почеток на монетарно олабавување, Народната банка препорачува да продолжи фискалната консолидација

Дејан Дејан

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе