Вести Македонија Топ вести

Мрежа за заштита од дискриминација: Антонио Јолевски сторил дискриминација кон Ленче Ристоска- Комисијата требаше да препорача повторување на постапките

Мрежата за заштита од дискриминација изразува сериозна загриженост и остро реагира бидејќи на седницата Советот на јавни обвинители (одржана на 11.01.2024 година, на која се дискутираше за мислењето на  Комисијта за спречување и заштита од дискриминација, со кое се утврдува дискриминација во постапката за избор на јавен обвинител во повисоко јавно обвинителство), од страна на членовите на Советот на јавни обвинители (СЈОРСМ) биле изнесени крајно деградирачки и навредливи ставови и мислења за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Комисјата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) препорача поранешниот претседател на СЈОРСМ јавно да се извини за сторена дискриминација.

Од Мрежата за заштита од дискриминација истакнуваат дека од страна на некои членови на Советот било кажано дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е „квази орган, во кој нема правници, дека давала само препораки, а нивните мислења се неважни“. Дополнително, било истакнато дека мислењето на КСЗД нема да биде земено предвид и дека тоа ќе биде оспорено пред Управниот суд. Потенцираат дека несогласувањата со определено мислење мора да бидат аргументирани, а не изнесувани како навреди кон субјектот кој го изнел мислењето. Дотолку повеќе, што ваквото поведение на СЈОРСМ се има случено и неколку пати во минатото кога СЈОРСМ има изнесено вакви навреди кон граѓанскиот сектор, универзитетски професори, ДКСК и други субјекти.

  • Во мислењето на КСЗД јасно е образложено дека СЈОРСМ сторил дискриминација кон Ленче Ристоска. Претседателот Јолевски, јавно коментираше дека била на породилно отсуство. Бременоста, боледувањето поради компликации поврзани со бременоста, раѓањето и мајчинството не смеат да бидат причина за жена да не напредува во кариерата или да се земаат предвид како фактори кои ќе се дикутираат и оценуваат за време на одлучувањето за вработувањето или унапредувањето. Оваа форма на дискриминација зборува за нееднаквите услови за мажите и жените на пазарот на труд и има клучно влијание на родовата нееднаквост во оваа област. Од јавните обвинители се очекува да имаат елементарни познавања за поимот дискриминација, бидејќи таа е и кривично дело, според што тие треба да штитат од дискриминација. Минималниот стандард за институцијата е да не постапува дискриминаторски и да има внатрешни правила и процедури за спречување и заштита од дискриминација во работењето на институцијата, вклучително и во областа на вработување и унапредување. Забрана за прашување и коментирање на венчалниот статус, мајчинството, бременоста и раѓањето се минимални стандарди за превенција од дискриминација во трудот, соопштуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

Сметаат дека јавно извинување не е ефикасено решение за овој случај, со истото не се решава проблемот, туку се овозможува продолжување на дискриминација преку опстојување на одлука за избор на кандидати заснована на дискриминација, без да претпоставуваме што би бил резултатот од постапката доколку возраста, бременоста и мајчинството не биле земени предвид.

Од Мрежата за заштита од дискриминација сметаат дека Комисијата за заштита и спречување на дискриминација требало да препорача повторување на постапките и донесување на внатрешни акти за спречување и заштита од дискриминација во Советот на јавни обвинители.

Потенцираат дека пред Управниот суд не може да водат управни спорови против мислењата на КСЗД бидејќи тие не се управни акти.

„Коментарите на СЈОРСМ и тужбите ги сметаме за обиди за вмешување и влијание врз работата на КСЗД која има статус на независно тело за еднаквост“, соопштуваат од  Мрежата за заштита од дискриминација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе