Вести Македонија Топ вести

Претседателот Пендаровски на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска и утре ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, годинава насловен „Обнова на довербата“.

Кабинетот на Пендаровски соопшти дека е предвидено тој да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светските економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.

На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи, информира Кабинетот на Пендаровски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе