Вести Македонија Топ вести

Повредени правата на Спиро Ристовски и Митко Пешов со продолжувањето на притворот за 27 април, пресуди ЕСЧП

Европскиот суд за човекови права пресуди дека има повреда на правото на слобода во опредлеувањето на притворот на екс министерот Спир Ристовски обвинет во предметот организатори на 27 април и за притворот на Митко Пешов осуден во првиот предмет за 27 април. За двајцата е досудена нематеријално отштета по 750 евра. На Пешов му било повредено на право на слобода и сигурност затоа што мерката куќен притвор му била заменета со ефективен пртивор без да биде сослушан ниту да му бидат доставени аргументите на обвинителството, објасни за Телма неговата адвокатка, Павлина Зефиќ Јакимовска. Ристовски повеќе од 20 месеци бил во притвор од кои најголем дел куќен притвор и според неговиот адвокат Стразбур лоцирал повреди во два аспекта.

„Од 30 јули во 2019 година до 21 август во 2020 година (периодот релевантен за случајот пред Судот) на Спиро Ристовски му бил продолжуван куќниот притвор 14 пати, поради ризик од негово бегство. Писмените поднесоци на обвинителот, како одговор на жалбите на Ристовски, против 13 од налозите за продолжување не беа доставени до жалителот. Одлуките на Апелациониот суд со кои се отфрлаат жалбите на вториот жалител против наредбите за продолжување од 25 декември во 2019 година и 23 јули во 2020 година, му биле доставени на 6 февруари и на 25 август во 2020 година соодветно. Во април во 2023 година, како што објавија медиумите, апелациониот суд ја укина пресудата на Ристовски и го врати предметот на повторно разгледување. Тој се жалел според членовите 5, 3 и 4 од Конвенцијата на недоволни причини и одложено преиспитување на неговиот домашен притвор, како и на неиспраќање копија од писмените поднесоци на обвинителот“, е наведено во пресудата на судот во Стразбур.

Европскиот суд за човекови права, како што се наведува во пресудата, утврдил недостиг на релевантни и доволни причини на неговото лишување од слобода и ненавремено биле разгледувани жалбите коишто се поднесувани за притворите, што е прекршување на член 5, ставови 1, 3 и 4 од Конвенцијата. Во рок од три месеци од правосилноста на пресудата, државата ќе треба да му плати отштета на Ристовски во износ од 2.250 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ја потпиша заклетвата, но не го изговори целосното уставно име – Гордана Силјановска – Давкова стапи на функцијата претседател на државата

Desk

Египет ќе ја поддржи тужбата за геноцид против Израел пред Меѓународниот суд на правдата

Дејан Дејан

Апелациониот суд Гостивар одлучи да ја укине Пресудата на тетовскиот суд за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе