Вести Македонија Топ вести

Билјана Ивановска во Топ Тема: Ја подготвуваме иницијативата за балансерот која треба да биде поднесена пред Уставен, но не добивме одговор од Министерството за политички систем

Во однос на законитоста на балансерот и вработувањата во администрацијата, Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, во вечерашната Топ Тема на Телма истакна дека иницијативата се подготвува за поднесување пред Уставниот суд.

„Се обративме до владата со барање да ни се анализа како е спроведен законот до сега, бидејќи во законот има одредби кои што велат дека под тој закон спаѓаат оние лица кои биле вработени до 2019 година и тие имаат право да бидат да се преземаат понатаму во другите органи. Побаравме и дополнителни информации од Министерството за политички систем како одело доделувањето на вработените лица во други институции, но не добивме одговор и покрај тоа што се обративме со ургенција со преведен текст“, вели Ивановска.

На прашањето како ќе помине иницијативата пред Уставен, таа направи споредба дека и за Бехтен и енка беше дадена иницијатива за која „бевме уверени дека Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да го укине специјалниот закон што се донесе тогаш, но Уставниот постапи спротивно“.

„Сега имаме малку надеж бидејќи и претседателката на Уставниот суд излезе со свој став, се надевам дека Уставниот суд ќе ја одигра својата улога онака како што треба заради тоа што балансерот ни прави проблем на сите. Конкретно во нашата институција на претходен оглас имавме кандидат кој што во пет минути се почувствувал како припадник на три националности, онака како што се барале за работните места така тој се почувствувал. Тој предмет Јавното обвинителство го отфрли“, вели Ивановска Топ Тема на Телма.

Таа откри дека ни од МВР не добивле одговор за тоа кој бил повеќе од три месеци надвор од државата. „Тие бараа конкретни имиња, но ние немаме бараме системски решенија“, истакна Ивановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе