Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ан денешниот брифинг за новинар во Клубот на пратеници запрашан за дерегистрација на партијата Десна, чиј лидер Љупчо Палевски Палчо е осомничен за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски рече дека веќе го кажал неговиот став.
Обвинителство, како што рече, е надлежно да поднесе барање за дерегистрација на партијата Десна. Но, ако треба МВР да испрати писмо до нив, тие се подготвени и на тоа. И другите осомничени во случајот, исто така се членови на Десна.
Од обвинителство претходно за Телма соопштија дека за трите услови за забрана за партија, ако таа повикува на насилно уривање на уставниот поредок, поттикнува или повикува на воена агресија или разгорува национална, расна или верска омраза, треба да има кривична постапка која доколку обезбеди докази тогаш би почнала постапката за забрана и гаснење на партијата, пред граѓанскиот суд.
Воедно Спасовски најави и надградба на системот Сејф сити и освен за јавна безбедност ќе се користи и за контрола и безбедност на сообраќајот. Освен во Скопје, камери ќе се постават и во Куманово и Тетово и на автопатите во државата. Ќе има и мобилни системи што ќе може да се поставуваат ан разни места.