Вести Свет Топ вести

ОН до Израел: Единствената на страна на која сме ние е онаа за спасување животи – Гутереш со драматичен потег до Советот за безбедност

ОН ги отфрлија тврдењата дека се пристрасни во врска со конфликтот меѓу Израел и Газа, инсистирајќи дека „Единствената страна на која сме ние е на страната на спасување животи“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, напиша писмо до членовите на Советот за безбедност, повикувајќи се на членот 99 од Повелбата на ОН кој не се користел со децении и ги повика да помогнат да се избегне хуманитарна катастрофа во Газа.

Во членот стои дека „Генералниот секретар може на Советот за безбедност да му го стави како приоритетно секое прашање што според него може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност. Шефот на Обединетите нации го повика Советот за безбедност на ОН да го искористи своето влијание за да избегне „хуманитарна катастрофа“ во Газа.

Според Гутереш, јавниот поредок во Газа целосно ќе се урне поради континуираното израелско бомбардирање и недостатокот на основни резерви. Додава дека катастрофата со која се соочува Газа е толку голема, што големи се шансите никогаш да не се опорави.

Повикувањето на членот 99 од Повелбата на ОН е многу ретка ситуација за еден генерален секретар да се повика на неа, но како што објаснуваат од неговиот кабинет тој бил принуден да го стори тоа поради обемот на „ужасното човечко страдање. “.

Израел претходно ги обвини ОН дека достигнале ново морално ниско ниво и тоа е доказ за неговата пристрасност против нив.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе