Вести Свет Топ вести

Нетанјаху: Газа мора да се демилитаризира, тоа го може само израелската војска, никако меѓународни сили

Задржување на контролата врз безбедноста во Газа по завршување на војната и одбивање можност да се довери таа одговорност на меѓународни сили, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. На роднините на преостанатите киднапирани кои се наоѓаат во заложништво во Појасот им порача дека во моментот нема можност за нивно ослободување.

Нагласувајќи го проширениот обем на копнените операции, Нетанјаху порача дека не постои место во Појасот до кое не може да стигне израелската војска. Истакна дека градовите Џабалија и Кан Јунис се опколени и ги повика цивилите да ги напуштат тие подрачја. Израел влезе во трета фаза на копнената офанзива, со фокусот на југот, додека единиците се консолидираат на северот на Газа по неколкудневното хуманитарно примирје со Хамас.

Во екот на пресметките со Хамас во Газа, во Израел продолжи судењето против Нетанјаху по двомесечната пауза поради прогласување на вонредната состојба која беше укината на 1 декември. Судскиот процес за корупција против израелскиот премиер почна во јануари во 2020 година. Обвинет е подмитување, измама и кршење на доверба во три одвоени случаи.

Американскиот претседател Џо Бајден се надоврза на извештајот на „Би-Би-Си“ за силувања, сексуално насилство и осакатување на жени за време на нападот на Хамас на 7 октомври. Доказите се базираат на сведоштва на прежиевани лица.

Телоп – Џо Бајден, претседател на САД

„Извештаите за повеќекратно силувани жени, за нивните тела кои биле осакатени додека сè уште биле живи и за терористите на Хамас кои нанесуваат што поголема болка на жени и девојчиња пред да ги убијат, се ужасни“, изјави американскиот претседател, Џо Бајден.

Израел во петокот продолжи со своите воздушни и копнени операции во Газа по завршување на еднонеделната хуманитарна пауза на борбените дејствија. Бројот на убиени Палестинци од почетокот на нападите е над 16.200 лица, меѓу кои над 7.100 се деца, а речиси 4.900 се жени. Во израаелската офанзива се повредени повеќе од 43.000 луѓе додека 7.600 се водат како исчезнати ширум Појасот Газа.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе