Вести Свет Топ вести

Светската програма за храна во јануари ја завршува својата главна програма за Сирија

Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека во јануари ќе ја прекине својата главна програма за помош на населението во Сирија, земја разурната од над децениската војна, каде што повеќе од 12 милиони луѓе немаат редовен пристап до храна.

Во последниве години, WFP ја намали својата поддршка за Сирија и соседните земји кои примија милиони Сиријци, бегајќи од 13-годишниот конфликт.

Хуманитарните агенции се борат да го пренасочат вниманието на светот кон Сирија, бидејќи има замор кај донаторите и намалени буџети.

WFP во јули годинава соопшти дека поради буџетските ограничувања мора да ја намали помошта за Сирија и неа место 5,5 милиони погодени лица ја добиваат само околу половина од наведената бројка.

Еден месец подоцна, агенцијата ја прекина помошта за сириските бегалци во Јордан.

WFP и Агенцијата на ОН за бегалци во ноември соопштија дека од следната година за една третина ќе го намалат бројот на сириски бегалци во Либан кои ќе добиваат финансиска помош.

Во својата најнова изјава во петокот, WFP истакна дека намалувањето на помошта се случува затоа што несигурноста во испораката на храна е „полоша од кога било“ и проценува дека тоа ќе влијае врз милиони луѓе.

Во последниот септемвриски извештај на агенцијата, се наведува дека 3,2 милиони Сиријци примаат помош преку нејзините програми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе