Вести Македонија

Марија Јаническа именувана за нов директор на ОТА

Марија Јаническа е новиот директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). На денешната 131 седница на Собранието на Република Северна Македонија беше донесена одлуката за избор на Јаническа за нов директор на ОТА. Во салата на Собранието беа присутни вкупно 93 пратеници, а за оваа точка пратениците гласаа едногласно.

Јаническа  е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка.

На огласот што беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред околу еден месец заврши 5-годишниот мандат на директорот Зоран Ангеловски.

ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Генералштаб на Украина: Го уништивме ракетниот брод „Циклон“ на Крим

Дејан Дејан

Притвор од 30 дена за Љупчо Палевски

Дејан Дејан

Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе