Вести Свет Топ вести

Израел ќе дозволува 4-часовна воена пауза – хуманитарните организации прашуваат „која е ползата?“

Американскиот претседател Бајден успеал да го наговори израелскиот премиер Нетанјаху за хуманитарен прекин на воените дејствија на дневно ниво. Белата Куќа јавува дека Израел се согласил секој ден да воведе 4-часовни паузи од бомбардирањето на северот на Газа, со цел да им се дозволи на цивилите да се евакуираат на југот. Израелската војска ќе ги најавува овие т.н. прозорци неколку часа претходно. По оваа објава, Израел дообјасни дека не станува збор за никаков прекин на војната, туку тактички паузи.

  • Борбите продолжуваат, нема прекин на огнот, уште еднаш – нема прекин на огнот, продолжуваме да се бориме. На враќање од Градот Газа поминавме покрај хуманитарен коридор. Видовме дека функционира. Ги видовме 50.000 цивили на Газа како од север одат кон југот од појасот, изјави АДМИРАЛ ДАНИЕЛ ХАГАРИ, ПОРТПАРОЛ НА ИЗРАЕЛСКА ВОЈСКА

Додека за Америка, ова е чекор кон правилна насока, за хуманитарните организации времето од 4 часа е кратко за каква било помош. Прашуваат која е ползата од оваа пауза. „Можеме само леб да му поделиме на трауматизираното население, пред повторно да бидат бомбардирани“. Потсетуваат дека болниците и патиштатат се целосно уништени и едвај стигнуваат до повредените и раселени цивили. Болниците кубурат со гориво, и како ја снемува струјата, така се гаснат и болничките одделенија.

Исплашени дека конфликтот може да се прелее и кај нив, Египет смета дека безбедносните коридори не се позитивно решение.

  • Сметам дека отворање на безбедносен коридор за селење на цивилите кон југот не е позитивен развој, туку продолжување на систематското раселување кое е спортивно на меѓународното хуманитарно право. Она што го прави Израел го надминува секој концепт на правото на легитимна самоодбрана, смета САМЕХ ШОКРУ, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕГИПЕТ

Жестоки борби продолжуваат во северниот дел на Појасот Газа, каде израелската армија започнува едно по едно да ги елиминира упориштата на Хамас. Израелската армија денеска објави дека нејзините војници откриле фабрика за производство на ракетни фрлачи во Газа, која била лоцирана во станбена зграда и во непосредна близина на училиште. Тоа, според Израел е уште една потврда дека Хамас ги користи Палестинците во Газа како човечки штит.

Во меѓувреме, бројката на загинати палестински цивили е близу 11.000, од кои 4.412 се деца.

Алиса Шутиноска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе