Вести Свет Топ вести

Песков: Путин сè уште нема донесено одлука дали ќе се кандидира за претседател

Рускиот претседател Владимир Путин сè уште не одлучил дали ќе се кандидира за претседател на изборите во март 2024 година, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков демантирајќи ги тврдењата на медиумите дека Путин веќе одлучил за својата кандидатура.

– Путин сè уште нема дадено никакви изјави во врска со ова. Изборната кампања сè уште не е најавена, изјави Песков.

Се очекува претседателските избори во Русија да се одржат на 17 март 2024 година, а одлуката за тоа следниот месец ќе ја донесе Советот на Федерацијата, Горниот дом на парламентот. Според руските закони, Путин има право да се кандидира за уште еден мандат.

Според некои светски агенции, Путин веќе одлучил да се кандидира на изборите во март, што потенцијално ќе му овозможи да остане на власт најмалку до 2030 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе