Вести Свет

УНИЦЕФ: Нашите најголеми стравови се остварија – Газа стана гробница за илјадници деца

„Од најраните денови на невидените непријателства во Појасот Газа, УНИЦЕФ беше искрен за потребата од итен хуманитарен прекин на огнот, за да дојде помошта и да се ослободат киднапираните деца. Како и многу други, ние се изјаснивме да престане убивањето на децата, се наведува на интернет страната на УНИЦЕФ.

„Нашите најголеми стравови за пријавениот број на убиени деца најпрвин десетици, потоа стотици и на крајот илјадници, се остварија за само две недели. Бројките се ужасни; наводно повеќе од 3.450 убиени деца; неверојатно ова значително се зголемува секој ден. Газа стана гробишта за илјадници деца. Тоа е жив пекол за сите други“, изјави Џејмс Елдер, портпаролот на УНИЦЕФ.

„Повеќе од еден милион деца во Газа исто така имаат криза со вода. Капацитетот за производство на вода во Газа е само 5 отсто од нејзиното вообичаено дневно производство. Смртта на децата – особено доенчињата – до дехидрација е се поголема закана“, додаваат од УНИЦЕФ.

„Кога борбите ќе престанат, трошоците за децата и нивните заедници ќе бидат на товар за следните генерации. Пред оваа последна ескалација, повеќе од 800.000 деца во Газа – три четвртини од целата нејзина детска популација – беа идентификувани дека имаат потреба од ментално здравје и психосоцијална поддршка. Тоа е пред овој најнов кошмар“, се додава во текстот.

„Во име на сите 1,1 милион деца во Газа, кои живеат низ кошмар: Ни треба итен хуманитарен прекин на огнот. И сите пристапни премини во Газа мора да бидат отворени за безбеден, одржлив и непречен пристап до хуманитарна помош, вклучувајќи вода, храна, медицински материјали и гориво“, вели за УНИЦЕФ една жителка на Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе