Вести Свет Топ вести

(Видео) Физичка пресметка меѓу пратеници од власта и опозицијата во албанскиот парламент

Пленарната седница на албанскиот законодавен дом вчера попладнето почна тензично, со физичка пресметка меѓу пратеници на опозицијата и на мнозинството. Расправијата ескалираше кога пратеникот Бледион Налбати од Демократската партија физички го нападна Вулнет Сина од Социјалистичката партија, пишува Косова прес.

Претседателката на собранието, Линдита Никола побара од пратениците на Демократската партија да седнат во своите фотелји и седницата да се одвива нормално, но тие категорично одбија со собирање и блокирање на говорницата.

Припадници на Националната гарда веднаш се распоредија околу говорницата, над која се наоѓаат и столчињата каде седат претставниците на Владата. Во меѓувреме, Собранието презеде мерки против пратеникот на Демократската партија и му нареди да ја напушти собраниската сала, но тој одби.

Откако состојбата стана уште потензична, претседателката на Парламентот ја прекина седницата, исто како и претходната, кога 45 опозициски пратеници, приврзаници на Сали Бериша ја блокираа говорницата, но и просторот определен за претставниците на власта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев,Русковска ,Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе