Вести Свет Топ вести

Уште 20 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа, но достава на гориво повторно не беше дозволена

Египетската црвена полумесечина соопшти дека денеска во Газа успеала да достави уште 20 камиони со хуманитарна помош. Според податоците на ОН во текот на викендот во Појасот Газа влегле само 34 камиони со помош, како храна, вода и лекови, но не и гориво. Светската организација го повтори повикот на агенцијата за палестинските бегалци, дека имаат гориво за само уште неколку денови, а во нејзините кампови во моментов има повеќе од 400 илајди раселени Палестинци.

406.000 внатрешно раселени луѓе се засолнуваат во 91 камп на УНРВА внатре во Газа. Камповите на УНРВА се замислени да прифаќаат помеѓу 1.500 до 2.000 лица од камп. Сепак, просечниот број на луѓе во овие кампови сега изнесува  4.400. Тоа значи дека во просек, во камповите има околу два ипол пати повеќе лица од замислениот капацитет, најполните кампови, имаат околу 11 пати повеќе луѓе од колку што биле замислени да прифаќаат, изјави портпаролот на генералниот секретар на ООН.

Хамас претходно соопшти дека во израелските воздушни напади изминатото деноноќие загинале дури 436 цивили, откако израелската армија соопшти дека ги зголемува нападите како подготовка на следната фаза од операцијата. Армијата, исто така, од вчера започнала со рации на територијата на Газа, како што соопштија, да неутрализираат евентуални заседи и да соберат информации за киднапираните лица.

Лоциравме 1.000 тела и заробеници, терористи кои ги задржавме. Повторувам, имаме 1.000 тела и заробеници. Сите се членови на Хамас кои се испрашуваат, идентификуваат и процесираат, како дел од нашите разузнавачки напрои за откривање на исчезнатите и заложниците, изјави адмиралот Даниел Хагари, портпарол на Израелските одбранбени сили.

Од Западниот брег, премиерот на Палестинската самоуправа, Мохамад Штајех, го обвини Израел за извршување геноцид врз Палестинците во Газа, додека пак Иран, единствениот поддржувач на Хамас, тоа што се случува во Газа го оцени како воени злосторства против човештвото.

Неопходно е меѓународната заедница на лажниот режим во Израел да му испрати единствена и силна порака веднаш да прекине со воените злосторства против цивилите, особено жените и децата, да ја прекине опсадата и да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа. Исто така, и цврсто да се спротивстави на насилното иселување на жителите на Газа, изјави иранскиот минситер за надоврешни работи хусеин Амирабдулахиан.

Израелскиот претседател во интервју за Скај њуз, изјави дека при тие рации кај ликвидиран припадник на Хамас биле откриени инструкции за подготовка на хемиски оружја, кои доаѓаат од Ал Каеда. Херцог ги отфрли тврдењата на хуманитарните организации во Газа дека состојбата во појасот е на критично ниво. Претходно агенцијата на ОН за палестинските бегалци соопшти дека голем број од евакуираните Палестинци започнале да се враќаат во северниот дел од Газа затоа што состојбата во бегалските кампови на југот е неподнослива.

Дел од инфраструктурата и дел од помошта е злоупотребувана од Хамас. Тоа е проблемот. Луѓе, многу е лесно да се обвинува Израел. Потсетете се само каде бевме, што се случи и како имаме право да се одбраниме себеси. Кога ракета која лета 250 километри право во територијата на Израел се испалува од дневна соба на некои луѓе? Со таква ситуација се соочуваме. Ниту еден друг народ не се соочува со тоа. И ако било кој друг народ беше соочен со тоа, верувајте ми, и тие исто ќе нападнеа, рече херцог.

Хуманитарните организациите на ОН во Газа бараат итно да се дозволи влез на гориво во Појасот, затоа што тоа е неопходно за подобрување на хуманитарната ситуација. Поради недостаток на гориво не функционираат пумпите, станиците за десалинизација и прочистување на вода, а залихите на голем дел од болниците и агенцијата за палестинските бегалци ќе бидат исцрпени за неколку денови.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охридското обвинителство ги истражува причините за смртта на 7-месечното бебе од Вевчани

Дејан Дејан

Снаата пронајдена мртва, деверот почина на клиника – двојно убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Ѓузелов во „Топ тема“: И оние кои религиозно ја употребуваа придавката Северна, во предизборната кампања почнаа да не ја користат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе