Вести Свет

Брнабиќ: Сега е крајно време за формирање на српските општини на Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска расправа за новиот, шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН на Косово, а Србија на седницата ја претставува премиерката Ана Брнабиќ.

Таа, во изјава за агенцијата Танјуг изрази сомнеж дека косовските власти се подготвени за одржување локални избори на северот на Косово, но дека сега е крајно време за формирање на српските општини на Косово.

  • Од сето она што го гледаме мислам дека Приштина ќе се обиде да го пролонгира што е можно повеќе. Тие сега зборуваат за некои административни процедури, кои немаат никаква врска, а тие ги користат за тоа изборите на северот на Косово да не се одржат. И јас исто така не верувам дека тие ќе се согласат на формирање на заедниците на српските општини и тоа ќе биде борбата која ние ќе мораме да ја водиме политички. Крајното време за формирање на заедниците на српските општини помина пред 5-6 години. Значи не дојде крајно време, туку тоа помина пред 5 години. Сега мора да се формира заедницата на српските општини. Но, не на начин на кој тие го интерпретираат, туку на начинот кој е договорен во 2015 година со согласност со тие договори, рече Брнабиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничени се три лица од Тетово поради сомневање за украдени 600 илјади евра од ФЗО

Дејан Дејан

Властите во Приштина му забранија на поглаварот на Српската православна црква да влезе во Косово

Дејан Дејан

УКИМ во 2019 година на 1814 место, оваа година на 1990 место на листа најдобро рангирани светски универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе