Вести Свет Топ вести

Западните лидери продолжуваат со дипломатските напори во Израел

По американскиот претседател и германскиот канцелар, денеска во Израел допатува и британскиот премиер Руши Сунак. Пораката која тој ја носи е идентична со таа на двајцата претходни лидери. Важно е да се покаже солидарност со Израел, но и да се изврши притисок врз него за да започне доставата на хуманитарна помош во Газа и копнената инвазија на Израелците во појасот да биде со јасни цели и со умерена сила.

„Ова е важен момент. За мене е важно што можам да изразам солидарност со израелскиот народ по ужасниот терористички напад. Пред нас имаме продуктивни состаноци денеска.“, изјави Сунак.

Откако вчера Израел објави дека ќе дозволи влез на хуманитарна помош во Газа, денеска дополнија дека транспортот се очекува да започне утре, откако ќе бидат поправени патиштата. Тие ги повикаа Палестинците да се упатат кон областа Ал Маваси, во близина на Рафа. Но, нејасно е колкумина ќе успеат да стигнат до таму во ситуација кога Израел сѐ уште извршува воздушни напади во Газа.

Додека траеше посетата на Бајден ширум регионот избија пропалестински протести. Демонстрантите во Бејрут и Аман се обидоа да се пробијат во американската амбасада, додека безбедносните сили употребија солзавец и шок бомби за нивно растерување. Никој во околните арапски земји не верува дека експлозијата во болницата во Газа, била предизвикана од залутана ракета на Палестинскиот Исламски џихад.

„Палестинската кауза е праведна, и сите мора да ја прифатат. Мораме да застанеме против етничкото чистење и расизмот.“

Додека траат дипломатските посети, израелската армија го искористи периодот да им дозволи отсуство на дел од резервистите. Тоа, според западните експерти значи дека по завршувањето на овие разговори, на кои Израелците ќе објаснат што планираат во Газа, офанзивата се очекува да започне.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе