Вести Свет

Иранката Нагрес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2023 година

Иранската активистка за човекови права, Наргес Мохамади, која е во затвор, е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2023 година. Комитетот за доделување на наградата во образложението наведе дека таа „поднела голема лична цена во храбрата борба“. Властите на Иран  неколкупати ја апсеа Мохамади од 2011 година, пет пати и беше судено, пришто се изречени вкупни затворски казни од 31 година. Моментно се наоѓа во озлогласениот затвор Евин во Техеран поради ширење на пропаганда.

Мохамади оваа година беше додадена на листата на „Би-Би-Си“ со 100 инспиративни и влијателни жени во светот.

Меѓу оние кои се споменуваа како потенцијални добитници на Нобеловата награда за мир за 2023 година беа и украинскиот претседател Володимир Зеленски, потоа Алексеј Навални, руски опозиционер и еден од најгласните критичари на претседателот Владимир Путин, како и активисти против климатски промени.

Од воведувањето во 1901 година, Нобеловата награда за мир ја добија 110 поединци и 30 организации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе