Вести Свет Топ вести

Изборите во Полска дополнително го подгреваат спорот меѓу Варшава и Киев

Уморот од поддршката за Украина започнува да се појавува, особено во земјите кои ги очекуваат избори како Полска, Словачка, па дури и САД. Спорот кој произлезе од забраната за увоз на украинско жито, приднесе за изненадувачки неочекуваното нарушување на односите меѓу Украина и Полска, еден од најревносните поддржувачи на Киев. Полскиот премиер Моравиецки се закани дека ќе биде прекината воената помош, додека пак претседателот Дуда Украина ја спореди со давеник кој со себе го повлекува и спасителот. По овие изјави и двајцата се обидоа да ги смират страстите, појаснувајќи што сакале да кажат.

Ова прашање треба да биде решено, овој спор е всушност правен спор. Јас имам свое мислење и не го менувам, тоа е дека Украинците треба да пристапат на оваа ситуација со повеќе разбирање. Сфаќам дека тие по секоја цена бараат помош поради нивната ситуација, и поради тоа не им е грижа каде ќе го продаваат нивното жито, но нам ни е грижа, и сакаме да им помогнеме и им помагаме, рече полскиот претседател дуда.

Причината за жестокиот одговор на Полска на украинската пријава во Светската трговска организација, поради продолжувањето на забраната за увоз на украинско жито, може да се бара во престојните избори во земјата.

Владејачката партија „Закон и правда“ на Моравиецки води на анкетите, но предноста е премала за тие да бидат опуштени. Потребни им се гласовите од полските земјоделци, кои обвинуваат дека ефтиното украинско жито ја руши цената на домашносто производство. Но исто така ги посакуваат и гласовите од крајнодесничарската партија „Конфедерација“ чија поддршка се проценува на 10 проценти.

Токму тие во полската јавност ја промовираат тезата дека Украина не покажува доволно благодарност за целата помош која ѝ беше дадена, а која тие ја проценуваат на повеќе од 21 милијарди евра. Украинскиот амбасадор, кој беше повикан на разговор во полското Министерство за надворешни работи, инсистира дека неговата земја исклучително високо ја цени помошта.

Верувам дека таа соработка ќе продолжи, бидејќи убеден сум ека воената поддршка за Украина е во интерес и на Република Полска, бидејќи тоа не е милостина, или филантропија, тоа исто така е инвестиција во нивната безбедност. Мораме да направиме се за да го запреме овој непријател во Украина, за руската чизма да не гази и на полска почва, рече украинскиот амбасадор Васил Зварич.

Во трката за гласови, владејачката партија се обидува да се позиционира како најголемиот застапник на интересите на Полјаците, а реорганизацијата на помошта која ѝ ја дава на Украина во војната со Русија, е само една од картите на која таа игра, покрај другите популстички причини, како миграцијата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе