Вести Свет Топ вести

Моравјецки: Полската владата повеќе не испраќа оружје во Украина бидејќи сега ја вооружува својата земја

Полска соопшти дека ќе престане да испорачува оружје на Украина поради растечкиот спор меѓу двете земји околу привремената забрана за увоз на жито од Украина.

Премиерот на Полска Матеуш Моравјецки рече дека „владата повеќе не испраќа оружје во Украина бидејќи сега ја вооружува Полска“. Во интервју за Полсат њуз, шефот на полската влада нагласи дека властите на нашата земја совршено разбираат дека Украина се брани од бруталниот руски напад и тие ја разбираат оваа ситуација.

Полска долго време е еден од најверните поддржувачи на Украина од почетокот на руската инвазија, заедно со голем број земји од поранешниот источен блок кои стравуваат дека би можеле да бидат следните доколку следи целосна инвазија на Украина.

Се разговорува полско-украинскиот спор околу забраната за увоз на украинско жито

Забраната за украинското жито првично беше воведена од неколку земји од Европската унија претходно оваа година за да се заштити егзистенцијата на локалните фармери, загрижени дека тие ќе бидат „поткопани“ од ниските украински цени на житото. Минатата недела ЕУ ги објави плановите за суспендирање на забраната.

Сепак, Полска, Унгарија и Словачка рекоа дека имаат намера да ги задржат ограничувањата на сила.

Нарушено европското единство – Полска, Унгарија и Словачка со ембарго за увоз на украинско жито

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе