Вести Свет Топ вести

Ерменците го положија оружјето

Ерменците го положија оружјето. Прекин на огнот во Нагорно- Карадак по предлог на руската мировна мисија, прифатен е предлогот за целосно разоружување, а разговорите треба да започна утре.

Три години по почетокот на конфликтот ескалира состојбата меѓу Азербејџан и спорниот регион Нагорно-Карабах. Бројот на цивилните жртви и ранети по почетокот на огнот се зголемува, меѓу повредените има и деца. Дел од медиумите јавуваат за повеќе од 100 миртви и стотици ранети..

Бевме во близина на ридот кога почнаа експлозиите. Успеавме да преживееме. Јас и сестра ми преживеавме. Но, лицето на Розик е повредено. И вратот на Мико беше повреден.

Руските мировници од најопасните области на Нагорно-Карабах веќе евакуираа повеќе од две илјади луѓе, меѓу нив над илјада се деца. Експлозии одекнаа во делови од Нагорно-Карабах изутринава, еден ден откако азербејџанските сили употребија тежок артилериски оган врз ерменските позиции во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах. Жителите на Нагорно-Карабах, претежно населен со Ерменци, во Азербејџан, велат дека бомбите паѓале врз стамбени објекти.

Овде нема воени објекти, само станбени куќи. Во зградата има пензионери и хендикепирани лица. Што да кажам? Можеби имав многу среќа што преживеав. Ако можевте да видите што се случува овде, сè беше покриено со чад, гуми затрупани“.

Жителите на главниот град на Ерменија, Ереван, велат дека имаат многу роднини и пријатели во Архац, кои сега се кријат во подрумите.

Две години живеев и работев во Арцах и моментално имам многу роднини и пријатели таму. Некои од нив се во подруми, некои ги пребаруваат своите деца, кои утрово заминаа на училишт, вели жител на Ереван.

 

Во Арцах се случува тотален геноцид. Тоа не е војна кога гладната и разоружана нација во блокада не е ни способна да се бори. За жал, мнозинството од нашето општество е инертно и не разбира што се случува.

Според азербејџанското министерство за одбрана воената операција е одговор поради експлозиите од нагазни мини во кои имаше шест жртви. Ерменските власти, пак, акцијата ја нарекоа етничко чистење.

Артилерискиот оган ја зголеми загриженоста дека војната во регионот би можела да продолжи меѓу Азербејџан и Ерменија, кои повеќе од три децении се заглавени во борба за планинската територија на Нагорно-Карабах. Азербејџан врати делови од од тој регион во војната во 2020 година, која траеше шест недели. Нагорно-Карабах, меѓународно признат како дел од Азербејџан, има претежно етничко ерменско население и се отцепи од контролата на Баку на почетокот на 1990 година по војната..

 

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе