Вести Македонија Топ вести

Учениците сами купуваат бришачи, хартија и сапун – и државата и општините тврдат така не треба

Средства за основна хигиена: сапун, тоалетна хартија, бришачи за раце, пластични чаши, собирање на средства за принтери, тонери и топ хартија се само дел од нештата кои родителите треба да ги набават на почетокот на учебната година за училиштето кое го посетува нивното дете.

Во време на економска криза ваквиот дополнителен трошок е навистина несфатлив, реагираа родители до редакцијата на Телма. И покрај тоа што станува збор за финансиски средства кои не се задолжителни, сепак ниту еден родител не сака да се издвојува, ниту пак неговото дете да биде стигматизирано дека не учествувало во овие заеднички придонеси за училиштето.

За првиот човек на Министерството за образование и наука, Јетон Шаќири решението е во општините кои треба да знаат да менаџираат со средствата со кои располагаат.

За да немаат никогаш товар родителите општините ако можат да помагаат во делот на финансирање на некои трошоци, јас сум убеден дека со добар план и програма, еве нека биде апел во подготовка на новиот буџет за 2024 година, нека предвидат еден добар, мал процент од нивниот буџет за училиштата. што реално има одредени училишта и општини што добро функционирааат во овој дел. Имаме општини како Аеродром и Центар, во Центар има сопствена инвестиција од страна на општината за изградба на нова доградба на ново училиште, и во Аеродром става опрема во училиштата од сопствениот буџет. Затоа овој дел за да биде помалку проблематичен за родителите, па и за сите други материјали мислам дека треба добро да се изменаџира, смета шаќири.

Градоначалникот Стојкоски вели дека доколку имало такви барања до родителите тој не е информиран за тоа.

Доколку има таков случај би сакал да биде посочен конкретно во кое училиште, за која паралелка станува збор, дали е тоа направено своеволно од страна на наставникот, затоа што гарантирам, таква насока директорите немаат добиено, тврди градоначалникот на општина ѓорче петров.   

Што се однесува до ставот на министерот Шаќири дека општините се тие кои треба добро да менаџираат со средствата за да нема вакви ситуции, Стојковски вели МОН треба да се преиспита во однос на ова тврдење и колку пари државата дава на општините за воспитно-образовниот процес.

Методологијата по која ги даваат дотациите на сите општини е застарена и неадекватна во однос на условите во училиштата. Еве прост пример за во нашата општина, ние добиваме 201.409.000  денари на годишно ниво, за да ги покриеме сите трошоци на училиштата, а 95% од тие, околу 190 милиони денари трошиме само за плата, и тука не се калкуирани покачувањата кои ги најавија од10% итн, дециден е Стојкоски.

Во меѓувреме додека родителите и децата се во исчекување на учебниците, без основното средство за стекнување на знаење, и кога дискриминацијата најмногу ја почувствуваа трето и шестооделенците, дополнителен проблем се и финансиските средства кои треба да ги дадат секоја учебна година.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе