Вести Македонија Топ вести

ЕК: Измените на Кривичниот законик ќе влијаат на случаите на висока корупција

Европската комисија реагира, измените на КЗ се избрзани и со злоупотреба на европското знаменце. Ваквите измени директно ќе влијаат врз повеќе случаи за корупција на високо ниво и нивно застарување, се вели во нивната реакција.

-ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените на Кривичниот законик усвоени на забрзан начин од Собранието на Северна Македонија, а кои ги намалуваат максималните законски казни и имаат импликации врз примената на застареноста ќе влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво. Жалиме поради недостатокот на сеопфатни консултации со домашните чинители и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за знаменце на ЕУ, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со ЕУ, стои во ставот на Европската комисија, даден како одговор на прашање на ТВ 24.

Во реакција на Европската комисија  се вели дека Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста.

-Поради ова санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки. Во овој контекст, зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидно досие во истрагата, гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, изјавија од Европската комисија.

Европската комисија велат дека внимателно ќе продолжат да го следат развојот на владеењето на правото.

Брисел ги чешла измените на Кривичниот Законик, за експертите процесот нетранспарентен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Дејан Дејан

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе