Вести Македонија Најважни

Брисел ги чешла измените на Кривичниот Законик, за експертите процесот нетранспарентен

Петок е денот Д за пресврт во судските постапки за злоупотреба на службена положба и злосторничко здужување. Тогаш стапуваат на сила измените на кривичниот законик кои за дел од обивнети ќе значат многу пониски казни а за дели и крај на судските постапки. Таков е предметот Тарифа на СЈО за Сончев град. Тројцата обвинети одговараат за злоупотреба на службената положба што ствот 5 кој се брише.

Вчерашното рочиште на барање на одбраната рочиштето било одложено токму во исчекување на измени на КЗ. Во дневниот билтен на Коалицијата Сите за правично судење која ги мониторира овие судски предмети стои дека  рочиштето за „Тарифа“ било одложено поради целисходност на постапката со оглед дека стапуваат на сила новите измени на Кривичниот законик.

Ова е само еден од 14 предмети со 80 обвинети во кои оваа невладина пресмета застарување на гонењето.

Намалувањето на казните за фунционерите во делата кои ги засегаат пред се функционерите со денови ја бранува македонската јавност. Брисел ги анализира промените во КЗ, но и процедурата во која се носеше со европското знаменце и наскоро ќе има став.

Колегите од Брисел моментално ги проучуваат и сум сигурен дека наскоро ќе има одговор на тоа прашање. На двете прашања се надевам ќе има одговор за кратко од Брисел, изјави Дејвид Гир,  евроамбасадор.

Според Директорката на академијата за судии и јавни обивнители измените на КЗ не треба да анализираат изолирано без да се има предвид тоа што се случуваше претходниот период.

За мене е вистинското прашање зошто толку години поминаа, а имавме толку малку завршници за сите оние дела кои беа покренати, дали од СЈО или од регуларното обвинителство. Мислам дека со тоа треба да се позанимаваат и Судскиот Совет и Советот на јавните обвинители околу постапките. Да потсетам дека во минатото имавме дури и амнестија за да се испразнат затворите и нивната пренатрупаност, вели Наташа Габер-Дамјановска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Иако за овие спорни измени не биле консултирани ниту експерите ниту невладините од блупринт групата кои се дел од работната група што го подготвува новиот КЗ, заменик министеркатаза правда Аврамовска Мадиќ  вели дека за конкрентите кривични дела со години се диксутирало

„Јас мислам дека за 353 од Кривичниот Законик многу долго време се разговара во јавноста. Имало и стручни и јавни дебати и странци имаат организирано секакви конференции, имаше иницијативи од адвокатската фела, значи не е дека во државата воопшто за 353 во изминативе 7-8 години откако е донесен, мислам дека во 2009 година е вметнат ставот 5 е отворена дискусија дека станува преригорозно, дека нема ефект, вели Викторија Аврамовска  Мадиќ, заменик министерка за правда.

„Воопшто немавме информации за ваквите измени. Ние бевме затечени и информирани од јавноста дека вакви измени се предложени од собранието. Кога се носат вакви суштински измени, кои засегаат голема група на луѓе, односно го засегаат целосно системот на демократија, односно системот на владеење на правото, треба да бидат донесени во консултации со експертската јавност, да бидат образложени – зошто се прават ваквите измени, која е целта, дали вие го подобрувате правосудниот систем, смета Александра Цветановска, претседателка на Македонско здружение на млади правници.

Дека  спорените одредби за намалување на функционерските казни нетранспарентно влегле во измените на КЗ сомнеж фрли и информацијата која во вчерашната Топ тема ја откри заменик претседателката на ДКСК Софка Пејовска Дојчиновска, според која верзијата што тие ја добиле од правда за да дадат мислење воопшто не ги содржела измените на одредбите за злоупотреба и злосторничо здружување.

Елена Иваноска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе