Вести Македонија Топ вести

Ристевска Јорданова: Ако кажеме ЕУ и регионот да бидат подготвени за проширување во 2030 година не значи дека 2030-та е целна година за проширување

Европската Унија и државите од регионот да бидат подготвени за проширување во 2030 година, но тоа не значи дека 2030-та е определена како целна година за проширување, напомена Малинка Ристевска Јорданова, експертка за ЕУ, во вечерашната Топ тема на ТВ Телма, коментирајќи го дел од завршната декларација од еднодневниот процес „Брдо-Бриони“ во Скопје.

„Тоа значи едните да направат реформи, другите да решат што треба да решат од спорови и да стигнат со реформите, па потоа ќе видиме како ќе одиме понатаму. Прво тоа да го расчистмие, бидејќи многу лесно се игра со зборови. Во моментот тоа е. Ние, регионот, да се задоволиме со овој вординг, а тие да кажат ние ветивме, што ветивме, да бидеме подготвени“, вели Ристевска Јорданова.

Во поглед на регионалните иницијативи, таа смета дека Регионалниот совет требаше да биде тој што ќе ги рационализира многуте регионални иницијативи или што постоеја дотогаш.

„Тој успеа во тоа до извесна мера, но не целосно. Знаете секој има некаде интереси, на крајот сите преживеаја, а не се успеа тие да се рационализираат и насочат. Европската Унија има важна улога во Регионалниот совет, како финансиер и со членство. Така што не може да се рече дека нема влијание од Европската Унија. Меѓутоа, она што беше проблем е што регионот не го препозна Регионалниот совет како можност, политичките лидери воопшто не се идентификуваа со Регионалниот совет како сублимација на сите дотогашни иницијативи“, смета Ристевска Јорданова.

Според неа, има и суштествено прашање, а тоа е во која мера процесот можеше да го замени проширувањето.

„Тука може да дебатираме до бескрај, но тој не може да го замени проширувањето. Проблем е, исто така, во која мера беше дизајниран за да купи време додека се донесе политичка одлука за проширувањето. Тоа што фалеше со годините беше политичкиот импулс. И тука Германија влезе со Берлинскиот процес во 2013, 2014, година. Годините претходно беа време на заморот од проширувањето. Германија се обиде тоа да го предаде на другите, на Италија, на Франција, па регионот Софија – Скопје и на крајот си го врати назад за да обезбеди политичко водство“, нагласи Ристевска Јорданова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе