Вести Македонија

Блокирана сметката на ЈП „Русино-Полог“ кое управува со депонијата Русино

Потенцијална опасност од појава на нови еколошки проблеми на депонијата Русино, затоа што општинските комунални претпријатија од полошкиот регион кои ја користат, доцнат со плаќањето на обврските. Вкупниот долг кон Јавното претпријатие „Русино-Полог“ кое управува со депонијата надминува над 11 милиони денари, поради што тоа не може да ги подмири долговите кон фирмата оператор, ангажирана за одржување, па сега има блокирана жиро сметка.

Пред блокирањето на жиро сметката, ние поради недостиг на финансиски средства не бевме во можност да извршиме покривање на донесениот отпад, туку само го распределувавме по депонијата за да отвориме простор за нов. Непокриениот отпад носи опасност од појава на пожари, ширење лоша миризба, токсични гасови, прелевање на отпадни води и фактички зголемува можност за еколошки штети врз околината. Откако ни е блокирана сметката значително е полошо, изјави директорот на ЈП „Русино-Полог, Бесим Догани.

Јавното претпријатие беше формирано во декември 2020-та година и со проблеми од слична природа се соочува од самиот почеток. Градоначалникот на Општина Тетово, која е исто така една од должниците, вели дека само со подмирување на обврските депонијата може да функционира непречено.

Државната инспекција треба да ги контролира и општините и депонијата и другите чинители дали работат согласно законот. Значи депонијата Русино ги исполнува сите услови, но треба таму да помогнат сите општини да ги реализираат своите обврски за да може да профункционира согласно еколошките стандарди, рече касами.

Полошкиот регион сѐ уште не може да се пофали со добро менаџирање на отпадот. Пред да се спроведат брзите мерки на депонијата Русино, поради нејзино горење жителите на гостиварскиот регион се гушеа во чад и непријатна миризба.

Пред неколку дена откако се случи пожар на депонија во општина Брвеница, инспекциските служби го казнија концесионерот дека не ги почитувал законските правила за управување со отпад.

Општина Тетово, пак, чека да се пријави фирма со која преку јавно-приватно партнерство, би се отстранила претоварната станица во Фалише, која е без соодветни стандарди.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе