Вести Македонија

Наместо во техничкото училиште од каде му беа вратени документите, ученикот од Битола ќе учи за рударски техничар

Ученикот  со ретка болест џуџест раст на кого му беа вратени документите од Техничкото училиште во Битола,  се запиша во средното училиште „Таки Даскало“, во насоката рударски техничар. Во Техничкото училиште сѐ уште е во тек  инспекцискиот надзор на  Државниот просветен инспекторат по наводите во анонимна претставка дека е испишано поради неговиот хендикеп. Според досегашните сознанија на инспекторите,  ученикот заврши осмо одделeние во основното училиштето „Елпида Караманди“ во Битола, а се запиша во првиот уписен рок во прва година Техничко училиште со 53 од потребните 45 поени.

Ученикот не приложил никаков документ дека има попреченост. Мајката на ученикот по извршен разговор со претставници на училиштето дала изјава дека ги подигнува документите. Во однос на анонимната пријава со наводи за дискриминација на запишан ученик досега присутните на надзорот во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола изјавија дека пријавата е лажна, поднесена не од мајката, туку од други подносители, се наведува во информацијата од ДПИ.

Инаку, по овој настан мнозинството советници од Советот на Општина Битола разреши тројца членови на училишниот одбор во Техничкото училиште и назначија нови. Побараа од градоначалникот да ја разреши од функцијата и директорката на ова средно училиште.

Емилија Мисирлиевкса

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе