Вести Македонија

Нема комплет учебници за учениците од трето и шесто одделение, дел ќе бидат достапни само во електронска форма

Учениците во трето и шесто одделение учебната година ќе ја започнат без дел од учебниците.  Сега тие се во фаза на одобрување во националната комисијата и не се знае кога ќе бидат одобрени, по што би биле испечатени во доволен број примероци, а потоа дистрибирани во училиштата.

Еден мал дел учебници, кои не се испечатени се всушност сé уште во постапка, односно за одобрување на истите одлучува Националната комисија за учебници, по што и тие ќе бидат испечатени и испорачани, велат од Министерството за образование и наука.

Дотогаш учениците ќе користат помошни материјали изработени од страна на Бирото за развој на образование. Тие ќе бидат достапни само електронски на нивната веб страна. Училиштата треба да одлучат за нивно печатење за кое не се знае кој ќе треба да плати. Дел од наставниците по англиски јазик во основните училишта за Телма велат дека нови одобрени учебници нема за ниту едно одделение повеќе од десет години. Учебниците што сега се користат се во лоша состојба. По критиките од опозицијата од МОН велат промените во образованието се бавни, но успешни.

Интегрирањето на предмети не предвидува укинување на содржини. Историја, географија, биологија, хемија, физика и натаму ќе бидат дел од науките што ќе бидат соодветно застапени во наставниот план за основно образование, а ќе ги предаваат наставниците што и досега ги предаваа овие предмети. Секој наставен предмет ќе има повеќе модули што ќе овозможат ученикот да ја изучува наставната содржина од повеќе аспекти, односно да добие поцелосна слика за одредена случка, процес, состојба и слично, додаваат од МОН.

Минатата учебна година по некои предмети немаше учебници до крајот на школската година. Учениците учеа од привремени учебници за кои државата потроши над 640 милиони евра, позајмени од Светска банка.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Дејан Дејан

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе