Вести Македонија

Евакуираните македонски граѓани од грчките пожари безбедно пристигнаа дома

Безбедно пристигнаа тројцата евакуирани и повредениот македонски државјанин во земјава. Повредениот камионџија соодветната здравствена нега  ја добил во болница во грчкиот град Комотини кој е оддалечен на 57 км од Александропулис. По завршеното лекување во локалната болница, моментално се наога во неговиот дом .

МНР  за Телма го потврдија успешното пристигнување на македонските државјани во земјава.

„Tројцата наши државјани кои беа евакуирани од опожарените подрачја безбедно пристигнаа во земјава. Повредениот кој имаше изгореници на двете раце и на лицето, по добивање на соодветната здравствена нега сега е во добра здравствена состојба“.

 Телма дознава дека нема нови информации за евакуирани или повредени македонски државјани и покрај тамошната алармантна состојба.

Пожарникарите извлекоа уште едно тело. Сега вкупниот број на загинати од шумските пожари во Грција оваа недела се искачи на 21.

Полицијата пак во акција, привеле 79 лица под сомнение дека ги подметнале пожарите.

Овие пожари ке резултираат со долготраен токсичен воздух, истакна професорот по атмосферски процеси Атанасиос Ненес, пренесе Катимерини.

Шумскиот пожар во областа Александропулис,кој беснее шести ден властите веруваат дека е најголемиот досега регистриран во Европската унија.

Марија Коцева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Кацарска по неколкуте напади: Не се чувствувам безбедно- Обвинителството го истражува последниот напад, а осомничениот имал и „ФБ листа за одговорност“

Дејан Дејан

Стари возила, ниски плати и недостиг на вработени – Одбележан Денот на пожарникарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе