Вести Македонија

Арбитражата за „Хеленик петролеум“ во Обвинителство – нови две тужби против Македонија за „Шпански скали“ и за „Дрисла“

Завршената постапка за арбитражата за продажбата на скопската рафинерија на „Хеленик Петролеум“ како целосен предмет ќе биде испратен во обвинителството за да го утврдат она што обвинителите можеле да го направат досега со криминалот од таа зделка, најави вицепремиерот Фатмир Битиќи којшто е и координатор на владиниот тим за меѓународни арбитражи. „Хеленик“ односно „Окта“ ја купија рафинеријата во 1999-тата со договор за дведецениска огромна испорака на мазут од Грција во Македонија која што не можеше да се оствари.

Поради тоа државата на два пати изгуби спорови во вредност од над 50 милиони евра. Случајот е за обвинителство, рече Битиќи кој оцени дека за лошите зделки мора да има одговорност од оние кои ги потпишувале во име на државата.

Но, летово не престанаа барањата за милионски отштети од државата. Нови два спора против Македонија се поведени на меѓународните судови.

Едниот е за шпанските скали и албанската „Амадеус груп“ бара 110 милиони евра отштета како изгубена добивка затоа што сметаат дека Општина Центар и државата не се придржувале до договорот за инвестиции со Албанија и ја спречиле изградбата.

Вториот спор без точно утврдена сума е покренат од италијанската „Амбиенте“ која на управните судови остана без уделот во скопската депонија „Дрисла“. Битиќи рече дека одговорност за проектите шпански скали и продажбата на Дрисла паѓа врз претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ кои склучувале штетни договори во име на граѓаните и предизвикуваат големи адвокатски трошоци при арбитража. Не открива како државата ќе се бори против двете арбитражи во споровите кои ќе траат неколку години, но смета дека тужителите, албански „Амадеус“ и италијански „Амбиенте“ немаат понудено докази за тврдењата против Македонија.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе