Вести Свет

Фемицидот во Градачац ја крена Босна на нозе – „Низама ја уби системот“

Низама Хеќимовиќ не ја убил само невенчаниот сопруг, ја убил и системот во кој таа не добила заштита кога ја побарала. Ова е лајтмотивот на реакциите по трикратното убиство што се случи во петокот во Градачац.

Злосторството во босанското градче , каде три лица загинаа, а исто толку беа ранети, го шокираше регионот, а осомничениот убиец Нермин Сулејмановиќ (35) на социјалните мрежи во живо го пренесуваше убиството на неговата невенчана сопруга Низама.

Во јавноста се појавија деталите за тоа што му претходело на злосторството, а се отворија и бројни прашања за пропустите кои се чини дека се направени во правосудниот систем на оваа земја.

Обвинителството на БИХ ги проверува наводите дали полицајката Џенана Селимовиќ му открила на Сулејмановиќ каде се наоѓа неговата невенчана сопруга Низама, која брутално ја претепал, а потоа ја ликвидирал во живо на Инстаграм.

Аваз наведува дека токму Селимовиќ ја открила локацијата на Сулејман и дека МВР на кантонот Тузла го известила обвинителот за тоа. Доколку се покаже дека е вистина, а сите информации укажуваат дека е така, се работи за скандалозна злоупотреба на службена позиција.

Според весникот Аваз, само четири дена пред убиството на Низама Хеќимовиќ, судијата на Општинскиот суд во Градачац донел решение со кое го отфрлил предлогот на полициската управа Градачац на нејзиниот партнер Нермин Сулејмановиќ да му изрече мерки за забрана на вознемирување и приближување до жртвата. На ова судот одлучи откако Хеќимовиќ го пријави партнерот за насилство.

Несреќната жена седум дена се криела од Сулејмановиќ кај роднини, но на денот на убиство, место очекуваната заштита од насилникот, пред вратата се појавил токму тој.

„Не е само Нермин тој што ја уби мојата Низама. И не го направи тоа само со куршум. Тој ѝ го уби животот претходно. Со неговите луѓе од институциите ја убиле заедно. Судијката Лејла Нумановиќ, која го одби предлогот за забрана , информатори од МУП Градачац кои му кажале од кој број е пријавено семејното насилство“, напиша на социјалните мрежи сестрата на Низама.

Крвавиот злостор во Градачац поттикна протести во повеќе градови низ Босна на кои беше побарано државата да ги заштити жените од насилството, надлежните органи да поднесат одговорност за насилството над жените кое поминува неказнето, а законите да се изменат за да спречат фемицид кој сега во Босна и Херцеговина не се санкционира како што му доликува на едно цивилизирано општество.

„Системот ја уби. Таа пред четири дена пред убиството се обратила во полиција за да ја заштити бидејќи се плашела за својот живот и животот на бебето. Судијата одби да определи заштитна мерка. Тој веќе и е познат на полицијата. Од 2006 година убиецот е познат по тоа што по него е распишана меѓународна потерница, бидејќи нападнал полицаец. Затоа што со години ја тепал и малтретирал.“Џенана Алаѓуз, Директорка на фондацијата „Инфохаус“ од Сараево:

Злосторството во Градачац се чини ги размрда општествените полуги во Босна и Херцеговина кога се во прашање правата на жените и нивната заштита од семејно насилство.

Комитетот за следење на спроведувањето на Истанбулската конвенција и фемицид во Босна и Херцеговина смета дека состојбата софемицидот и родовото насилство  е алармантна и итна реакција од сите надлежни институции.

Според Комитетот, повеќе од една третина од обидите и извршените фемициди се случиле во станот, куќата или дворот на жртвата. што потврдува дека за жена која трпи насилство најопасно место е токму нејзиниот дом.

На најголем број убиства му претходело долгогодишно насилство кое не било пријавено или било пријавено, но немало соодветна реакција од институциите, а во најголем број случаи сторителот бил поранешен брачен или вонбраченНи партнер.

Според податоците на Комитетот, 19 жени биле убиени во БиХ само во текот на 2021 и 2022 година.

Босна и Херцеговина ја ратификуваше Истанбулската конвенција во 2013 година со што се обврза да преземе законодавни и други мерки за да обезбеди превенција и заштита на жртвите на насилство и казнување на сторителите на насилство.

Пратеници на СДП во парламентот на БИХ почна парламентарна процедурата за донесување на Резолуцијата за спречување на сите форми на насилство врз жените и малтретирање на жените во Босна и Херцеговина.

Меѓу другото, Резолуцијата повикува на доследна примена на Уставот и законите на Босна и Херцеговина, како и меѓународните декларации и конвенции, како и измена на Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, со која фемицидот би се дефинирал како особено тешко и опасно кривично дело кое треба најстрого да се санкционира.

Југослава Дуковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Дејан Дејан

Се брани со молчење – Кривичен му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Јапонски град постави “блокада“ за туристи. Не сака да ја фотографираат планината “Непристојни се”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе