Вести Македонија Топ вести

Снемала интернет или влегла во погрешен автобус – пронајдена е исчезната Македонка во Грција

Исчезнатата 68-годишна македонска државјанка во Грција, за која семејството бараше помош преку Фејсбук, е пронајдена. Нејзини роднини, како што објави А1он, добиле информација од македонски туристи дека жената се наоѓа во автобус и патува од Солун за Македонија и дека е добро. Како потврда им испратиле и фотографија од автобус.

Роднина на 68-годишната Милица за А1он изјавил дека најверојатно се качила во погрешен автобус и чекаат да влезе во Македонија за да го вклучи телефонот и да остварат контакт.

Семејството и пријателите, претходно на Фејсбук, побараа помош за пронаоѓање на 68-годишната Милица.

„Со автобус од Агростоли се упатила кон Фискардо, каде 11:30 часот требала да се качи на брод за Василики на Лефкада. Милица не стигнала ниту со бродот во 13 часот, ниту со наредниот во 15:15 часот. И се губи секаква трага. Со себе имала мобилен телефон“, велат нејзини блиски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе