Вести Свет

Се евакуираат хотели на грчкиот остров Родос, пожарот и понатаму вон контрола

Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, според локалните медиуми, превентивно се евакуираат жителите и туристите од приморските областите Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос поради големиот пожар што веќе петти ден е вон контрола.

Преку бројот 112 за итни случаи денеска беа испратени две пораки до жителите на вкупно четири села превентивно да се евакуираат, а медиумите пишуваат дека се евакуираат и два хотели.

Според телевизијата ЕРТ, успешно биле спасени и пожарникарите заглавени во планински манастир, откако обидувајќи се да ги убедат монахињите да се евакуираат и да го напуштат манастирот ги опколиле огнените јазици и останале заглавени во подрумот.

Локалните медиуми од Родос коментираат дека источниот дел од островот е поделен на пола, со оглед на тоа што се затворени патиштата.

Дополнително поради пожарот што е во близина на трафостаница, од Грчкиот оператор за електродистрибуција соопштија дека ќе има наизменични превентивни прекини на електрична енергија во траење од еден час во различни делови на островот со цел да се обезбеди непречено функционирање на електроенергетскиот систем и упатија апел до жителите на островот да ја ограничат непотребната потрошувачка на електрична енергија.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос информираше дека активното жариште е во три области, а интервенираат 173 пожарникари со десет пешадиски тима, 35 возила, пет хеликоптери, три авиони, а како и пешадискиот тим од 31 пожарникар со пет возила од Словачка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Дејан Дејан

Давкова од Чакали: Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе