Вести Свет

Миграцијата ја урна холандската влада – премиерот Руте поднесе оставка

Несогласувањата околу политиките за азил ја собори холандската влада предводена од премиерот Марк Руте, кој поднесе оставка. Четирите коалициски партии не успеаа да се договорат и да излезат со единствен став за миграцијата.

Конзервативната партија ВВД на Руте се обидуваше да го ограничи бројот на баратели на азил, откако минатата година имаше кавги околу преполните мигрантски центри. Но, неговите партнери од владата се спротивставија на неговите планови.

Барањата за азил во Холандија се зголемиле за една третина и само лани имало 47.000 поднесени апликации, а оваа година се очекуваат 70.000. Премиерот Руте се обиде да спроведе план да го ограничи бројот на роднини на бегалци од војна на кои ќе им биде дозволено да останат во Холандија на 200 неделно, но коалициските партнери меѓу кои и Христијанската Унија силно се спротиставија.

Руте, кој е најдолговечниот премиер на Холандија, е на власт од 2010-та година, поднесе оставка, а новите избори најверојатно ќе се одржат во ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе