Вести Македонија Топ вести

Напаѓач пукал во таткото на исчезнатиот Самоил, внук на Љубе Бошкоски

Ова е местото каде што утрово засега непознат напаѓач пукаше и се обиде да го ликвидира скопјанецот Љупчо Костадиновски а потоа со трчање побегна низ уличките во околината. Костадиновски, кој сеуште трага по неговиот син Самоил кој се води како исчезнат од март годинава го преживеа нападот. Тој е роднина на сопругата на лидерот на партијата „Обединети за Македонија“ –  Љубе Бошкоски.

Инцидентот се случи околу 8.30 часот на улицата Тодор Чангов во населбата Лисиче, во непосредна близина на домот на Костадиновски и неговата пицерија. Напаѓачот вооружен со пиштол го следел Костадиновски, а тоа го тврдат соседите кои утрово го заебележале моторот низ населбата, го пресретнал и од непосредна близина почнал да пука во него. Костадиновски иско ранет го свртел неговиот автомобил „мерцедес“ во моторот и го турнал на земја. Напаѓачот пак го оставил пиштолот на улицата и побегнал.

Костадиновски во моментот е хоспитализран на КАРИЛ со две прострелни рани и е во стабилна состојба.

Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, се води како исчезнат од 3 март годинава кога беше киднапиран на улица во скопската населба Кисела Вода. Неговиот татко Љупчо во неколку наврати се обрати до јавноста и нудеше парична награда за информација околу Самоил. Полиција приведе две лица осомничени дека учествувале во неговото грабнување а на барање на обвинителството им беше одреден притвор.

 

Огнен Чанчаревиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Руската Дума го изгласа Мишустин за премиер

Дејан Дејан

Телма дознава: За 30-тина избирачки места во 5-тата изборна единица ќе има приговори од коалицијата на СДСМ и ЛДП

Дејан Дејан

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе