Вести Свет

МААЕ бара поголем пристап до нуклеарната централа Запорожје

Шефот на нуклеарната агенција на Обединетите нации, Рафаел Гроси, денеска изјави дека се обидува да добие пристап до покривот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, откако Украина и Русија повторно се обвинија меѓусебно за планирање напади.

Русите им дадоа на официјални лица на МААЕ само ограничен пристап до нуклеарната централа што Москва ја окупираше на почетокот на нејзината инвазија врз Украина.

Завршувајќи ја четиридневната посета на Јапонија, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) рече дека неговата агенција постигнала напредок во пристапот до Запорожје.

Тоа е како разговор и се обидувам да добијам што е можно поголем пристап, рече Гроси во интервју за АП, додавајќи дека имало „маргинално подобрување“, пренесе Бета.

Повикувајќи се на разузнавачки извештаи, украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот вечерта изјави дека руски војници поставиле „предмети слични на експлозив“ на неколку енергетски единици за да лажираат напад.

Во Русија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оваа недела ја нарече ситуацијата во нуклеарната централа „прилично напната“ и го обвини Киев дека планира саботажа.

Гроси рече дека МААЕ направила пресметки за можното влијание на експлозии или бомбардирање на електраната врз животната средина.

Имате доволно нуклеарен материјал за да создадете прилично катастрофално најлошо сценарио, но може да се случат различни алтернативни работи, рече тој.

Тој рече дека МААЕ неодамна добила пристап до дополнителни делови од локацијата, вклучително и резервоари за ладење и капацитети за складирање гориво, и дека не открила никаква активност што би укажала на поставување експлозиви, но тоа не значи дека тоа нема да се случи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе