Вести Свет Топ вести

Зеленски: Се плашам дека ќе ја изгубиме поддршката од двете партии во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази стравување дека Киев може да ја загуби поддршката од двете партии во САД (демократите и републикаците), по, како што наведе, „опасните пораки што доаѓаат од некои републиканци“.

Мајк Пенс (поранешен потпретседател на САД, оп.а.) нè посети и ја поддржува Украина. Прво како Американец, а потоа како републиканец. Имаме поддршка од двете партии. Сепак, во нивните кругови кружат различни пораки за поддршката за Украина. Некои републиканци испраќаат понекогаш опасни пораки дека поддршката може да биде помала, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев.

Зеленски нагласи дека, без оглед на тоа кој ќе победи на следните претседателски избори во САД, одржувањето на поддршката и од демократите и од републикаците е „најважната работа за Украина“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев,Русковска ,Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе