Вести Македонија

Трета пресуда за „Армиско оружје“, по двете затворски казни оваа е ослободителна, но Обвинителството има право на жалба

По 16 години и две укинати пресуди случајот „Армиско оружје“ доби и трета пресуда од Кривичниот суд, овој пат ослобиделна за сите обвинети.

Кривичниот суд на 5 јуни годинава донесе ослободителната пресуда за раководителот на Секторот за логистика во Министерството за одбрана Нелко Менкиноски, за полковникот Илија Шкордовски, командантот од Командата за логистика Виктор Раички и управителот на специјалната опрема Глигор Стојанов, потврдија од судот за Телма.

Истрагата за случајот беше отворена во 2006 година, откако полицијата заплени три камиони со армиско вооружување на пат кон Бугарија, и МВР четворицата подоцна обвинети ги осомничи за шверц на оружје. Обвинение беше подигнато во март 2007 година, за веќе во јули истата година да обвинетите да ја добријат првостепената пресуда со затворски казни. Во март 2008 година добија правосилна пресуда во која беше променета само висината на затворските казни. Во октомври истата година Врховниот суд ги укина двете пресуди и предметот го врати од почеток. Три години подоцна, во декември 2011 година Кривичниот суд донесе втора пресуда со затворски казни, но во септември следната година Аплеација ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење.

Случајот сѐ уште не може да се смета за завршен, затоа што обвинителството има право да ја обжали ослободителна пресуда пре Апелациониот суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Кина: Обидите за воспоставување независност на Тајван се осудени на неуспех

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе