Вести Македонија

Градежната состојба во Скопје не е добра и по 60 години од земјотресот

Во моментов Скопје изгледа точно како што се чуствуваат нашите граѓани. И денеска не е во најдобра состојба. Деканот на Архиктетонскиот факултет Огнен Марина констатира дека три децении се соочуваме со финансиски проблеми и недостаток на визија. Разорниот земјотрес кој се случи на 26 јули 1963 година во Скопје разурна повеќе од 80% од зградите. ОН вклучиле голем напор за негова реконструкција.

-Бројни архитекти, урбанисти, инжинери, сеизмолози па дури и политичари дојдоа во Скопје за да можат да го создадат најдоброто што во тој момент беше во светот на архитектура и урбанизмот. Во обновата на Скопје учествуваа повеќе од 90 земји од целиот свет, вели д-р Огнен Марина, декан на Архиктетонски факултет.

Токму затоа денеска се организираше меѓународна научна конференција „Проект Скопје“ по повод 60 години од земјотресот во Скопје и 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге. Познати светски истражувачи разговараа за солидарноста и светската соработка.

-Скопје стана симбол на меѓународната соработка и центар на светската хуманост, солидарност и знаење. Хуманоста се манифестира преку сочуство и поддршка на другите во нивните најтешки моменти, вели  д-р Никола Јанкуловски  –  професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

На конференцијата беше потенцирано дека една од клучните поенти е сите подеднакво да имаме визии во каков град сакаме да живееме и да се стремиме кон тоа.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе