Вести Македонија

Собранискиот обезбедувач Алими излезе од затвор

По шест години поминати во затвор затоа што ги даде клучевите од Собранието на 27-ми април, попладнево од затворот во Скопје излезе Абдулфета Алими. Го пречекаа роднини и пријатели, но и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кому  му го спаси животот, откако онесвестен го сокрил во просторија во Собранието и тука го криел, блокирајки ја вратата со маса.

Села јавно негодуваше затоа што Алими доби затворска казна, но истражните органи го гонеа за тоа што, како собраниски обезбедувач му ги дал клучевите од вратата на пратеникот Мукоски, кој ја отвори, по што толпата нагрна внатре.

Алими беше осуден на 7 години затвор, но минатата година доби помилување од претгседателот на државата, со што му се скрати казната и излезе денеска, наместо на крајот од годинава.

Тој доби најниска казна во споредба со другите 17 лица осудени за терористичко загрозување на поредокот, затоа што, според судијката, покажал хуманост, спасувајќи го животот на Села.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе