Вести Македонија

Собраниската процедура за уставните измени треба да започне и без обезбедено двотретинско мнозинство, смета Пендаровски

Процедурата за уставните измени во Собранието треба да започне и покрај се уште необезбедениот политички консензус, смета претседателот на државата.

Знаете тоа е голема една политичка дилема, политичка не е правна, дали да влегувате во уставни промени ако немате обезбедено две третини претходно. Она што го знаеме, во тие рамки се движеше и моето размислување. Денеска сум повеќе склон да верувам дека е потребно да се влезе во Парламент, дури под претпоставка да немате сигурни 80 претходно, со тоа што јасно на таков начин и со првото гласање кое бара две третини, би се идентификувале двата главни блока во државата – проевропски антиевропски блок, рече претседателот пендаровски.

Осврнувајќи се на изјавата на американскиот сенатор Крис Марфи, кој минатата недела порача дека Македонија и за кого уставните измени се само технички, Пендаровски рече дека ставот на опозицијата против уставните измени значи дека земјата сама ќе се блокира, а тоа секако е причина за загриженост кај најголемиот стратешки партнер на земјата.

Во меѓувреме, премиерот Ковачевски упати уште еден повик до опозицијата за обединување и надминување на идеолошките разлики за иднината на државата.

Се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на кој било политичар во државата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Но, ВМРО-ДПМНЕ не попушта, нема уставни измени под бугарски диктат.

Димитар Ковачевски ден поскоро да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени, да се види дека нема мнозинство и да се распишат избори, му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Се очекува, деновиве премиерот да упати официјална покана до опозицискиот лидер Мицкоски за лидерска средба. Откако Ковачевски ја најави можноста за лидерска средба, Мицкоски ја прифати, најавувајќи од напред дека обидот за менување на Уставот ќе биде неуспешен и дека треба да се разговара – што потоа.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе