Вести Македонија Топ вести

За Бесими прифатливо е барањето на синдикатите, основица за пресметка на платите во јавниот сектор да биде просечната плата

За министерот Бесими, прифатливо е барањето на  синдикатите, основица  за пресметка за платите на вработените во јавниот сектор  да биде просечната плата.

Но, не прецизираше дали во буџетот има доволно средства за овие работници покачувањето да го добијат годинава како што и бараат синдикатите.

Во финансии се уште се правеле пресметки колку тоа би ја чинела државната каса.

„Прифатливо е, ние гледаме решение. Имаше три сценарија нивниот предог е прифатлив, работиме на сценарија. Работиме на пресметките.  Дали буџетот имa  можност да се спроведе оваа методологија годинава? Ќе ви дадам одговор но бидејќи чека цела сала градоначалници,  мислам дека е коректно да продолжам таму“.

Додека се преговара за нов општ колективен договор и за новата методологија за плати  во јавниот сектор, вработените во неговото министерство добија за 30 отсто повисоки примања сметано од први јануари годинава.

Но,  со ова не беа опфатени УЈП, Царина и други институции кои се во составот на  финансии.

„Во финансии за жал,во последните четири години 20 проценти над 160 вработени го напуштиле министерството и тоа е сериозна бројка за жал највлијателните си одат,  затоа што платите во приватниот сектор,  во делот финансии се со позначителна разлика“ – додава Бесими.

Пред неколку  дена министерот  Бесими на брифинг со новинарите оцени дека исплатата на повисоките плати  во јавниот сектор треба да почне од идината година, со образложение дека може да влијаат на инфлацијата и дефицитот. На ова реагираа синдикатите  дека зголемувањето на примањата само во финансии е самоволие.

Во меѓувреме повисоките функционерски плати за 78 отсто веќе се исплаќаат. Според пресметките на  финансии за зголемените примања на 1.060 функционери, годишно ќе бидат потребни над 15 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Претседателката на ЕК Фон Дер Лајен и со честитка и со потсетување до Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе