Вести Македонија Топ вести

Со маска на лице и нож во рака, ограбил друштво за брзи кредити во Куманово – обвинителството бара притвор за осомничениот

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 42-годишник под сомнение дека сторил кривично дело „Разбојништво“ според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 15 мај, ставил маска на лицето и влегол во финансиско друштво на улицата „3-та Македонска ударна бригада“ во Куманово. Од појасот извадил нож и со започнал да се заканува на вработена во подружницата дека ќе ја нападне доколку не му даде пари. Исплашена за сопствениот живот, оштетената му кажала дека парите се наоѓаат во фиоката, па осомничениот ја отворил фиоката и одзел 13.740 денари и една службена банкарска картичка. Веднаш потоа го напуштил објектот“, информираат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Против осомниченото лице е поднесен предлог за притвор, со оглед на проценките дека постои опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз сведоците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе