Вести Македонија Топ вести

Првиот ангажирал лица за сечење на оградата, вториот влегол со багер и го рамнел дворот на поликлиниката „Бит пазар“ – обвинителен предлог против две лица за узурпација на недвижност во државна сопственост

Обвинителен предлог против две лица за кривичното дело „Узурпација на недвижности“, согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, поднесе Основното јавно обвинителство Скопје. Станува збор за недвижност во државна сопственост во двојот на поликлиниката „Бит пазар“.

„Двајцата соизвршители, на возраст од 45 и 42 години, заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба со намера земјиштето да го употребат за изградба на паркинг. Првообвинетиот ангажирал повеќе непознати лица да ја исечат металната ограда и да ја искршат бетонската конструкција за ограда од дворот на Јавната здравствена установа – Здравствен дом на Скопје – Поликлиника „Бит Пазар“. Притоа, биле уништени и околните грмушки и дрва. Второобвинетиот со багер почнал да го рамни теренот каде осум камиони транспортирале градежен материјал – тампон, кој го растовариле во дворот на поликлиниката. Со багерот, вториот обвинет продолжил да го растура и рамни тампонот низ паркот на болницата до доаѓањето на полицијата“, се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителство Скопје.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на притворот за првообвинетиот, додека за второто обвинето лице на сила се мерките на претпазливост.​​

Притвор за узурпаторот на просторот кај поликлиника Битпазар, со багеристот и дивиот паркинг го загрозиле и пристапот до здравствена институција

Со багер го урнале ѕидот и упаднале во поликлинката Бит-Пазар за да градат паркинг

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

Дејан Дејан

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе