Вести Македонија Топ вести

Притвор од 30 дена за 14 осомничени за криумчарење на дрога и оружје

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доцна синојќа за 14 осомничени ги прифатија предлозите на обвинителството и со Решение им определија мерка притвор во траење од 30 дена, додека на едно лице поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор.

Денеска ќе биде определен притвор за трите лица што се недостапни на органите на прогонот и кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање.

Петнаесет лица се приведени, а тројца се недостапни во акција на обвинителството за организиран криминал и МВР за разбивање на три организирани криминални групи поврзани со недозволена трговија со дрога и оружје. Претреси биле извршени на 27 локации во Арачиново, Сингелиќ, Кисела Вода, Карпош и Шуто Оризари, а приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а обвинителот предлага да бидат притворени.

Според информациите од истражните органи, од јули 2022 година до мај 2023 година, првоосомничениот создал осумчлена криминална група, со цел купување, држење, пренесување, продавање и посредување во неовластена продажба на кокаин, амфетамин и марихуана. Набавувал дрога од Косово и Албанија која ја криел на безбедни локации во с. Сингелиќ.

 

(Видео) Апсења во Арачиново, Синѓелиќ, Кисела Вода, Карпош и Шуто Оризари – МВР лиши од слобода 15 лица

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

Дејан Дејан

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе