Вести Македонија Топ вести

Законот за работни односи за изведба на коридорите од „Бехтел и Енка“ денеска е на пленарна седница

Законот за работни односи за изведба на коридорите од „Бехтел и Енка“ денеска е на пленарна седница. Десетици пратеници се пријавени за збор. Опозицијата реагира за 60 часа работно време, но власта е на став дека се заштедуваат пари.

Паралелно со претресот на Законот за работни односи во главната сала, во една од помалите сали на Собранието – Комисијата за европски прашања ја почна дводневната расправа за Законот за урбанистичко планирање. Тоа е вториот од групата од пет закони кои добија европско знаменце за да бидат побрзо донесени и да ја озаконат договорената изградба на коридорите 8 и 10д со компанијата Бехтел и Енка. Владата тврди дека овој закон ќе овозможи поголема флексибилност при реализацијата на стратешките градби, а опозицијата забележува дека општините и нивните ДУП-ови ќе бидат игнорирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе