Вести Свет Топ вести

Пукање во Атланта – едно лице загина, четири се повредени

Едно лице е смртно застрелано, а најмалку четворица се повредени во пукање во зграда во Мидтаун во Атланта, комерцијална област со многу канцелариски кули и високи згради. Засега нема приведени лица за инцидентот, а полицијата соопшти дека активно трага по осомничениот, но и по евентуално нови жртви.

Четворицата повредени се пренесени во болница, а за четвртото лице е констатирана смрт на местото на пукањето. Престрелката доаѓа во време кога градовите низ САД се зафатени од оружено насилство и масовни престрелки од почетокот на годинава.

Полицијата објави фотографија од лицето за кое се верува дека е напаѓачот. Лицето било облечено во темни панталони, имал маска на лицето и изгледал како да носи торба преку предниот дел.

Властите соопштија дека станува збор за опасен и вооружен човек и побараа од секој што има информации да пријави на 911. Полицијата ги повика сите во областа да ја обезбедат својата зграда и засолниште.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе