Вести Свет Топ вести

Русија загубила повеќе од 20.000 војници во последните 5 месеци

Руските обиди за офанзива низ Донбас, особено во регионот на Бахмут, засега се без преголем успех и за нив Русија плаќа висока цена во човечки животи и уништена воена техника, соопши на прес конференција, портпаролот на американскиот национален Совет за безбедност, Џон Кирби.

Двете држави секако ги кријат податоците за толку војници биле убиени во крвавите судири, но САД тврдат дека Русите во последните 5 месеци изгубиле повеќе од 20.000 војници, најголем дел од нив припадници на платеничката група Вегнер.

Но, од почетокот на Декември, проценуваме дека Русија има повеќе од 100 000 жртви, вклучувајќи и 20.000 убиени во судирите. Речиси половина од нив се војници на Вагнер, најголем дел од кои се руски осуденици кои биле фрлени во борба во Бахмут без доволно борбено искуство или тренинг или каква и да е организациска команда и контрола, изјави кирби.

 

Кирби се разбира не сподели како Соединетите држави дошле до овие проценки но не сакаше да коментира и за тоа колку загуби на фронтот имаат и Украинските бранители. Не е моја задача да ги охрабрувам окупаторите тврди Кирби, додавајќи дека САД ќе продолжат да ги снабдуваат Украинците со помош во воена опрема и оружје.

Русите освоија најголем дел од градот Бахмут, но Украинците се уште ги држат своите забарикадирани позиции во западниот дел од градот, речиси целосно уништен во повеќемесечните крвави судири.

Иако стратешки гледано, Бахмут нема некое преголемо значање и желбата за негово освојување не може да се оправда и објасни со класични воени термини, овој град секако има симболичко значење за двете страни.

Украина сака да докаже дека може да им одолее на руските напади, што е и предуслов за понатамошната воена помош од Западот, додека Русија очајнички се обидува да извојува очигледна победа на фронтот.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе