Вести Свет Топ вести

Руски борбен авион непланирано испуштил муниција во Белгород, две лица се повредени

Москва утринава соопшти дека борбен авион непланирано испуштил муниција над рускиот град Белгород и дека во експлозијата се повредени две лица.

За време на летот на авионот Су-34 на Военото воздухопловство над градот Белгород дошло до неочекувано испуштање на муниција, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Властите на Белгород, недалеку од украинската граница, синоќа пријавиле силна експлозија по која се создал кратер.

Руски воени авиони редовно летаат над Белгород од почетокот на офанзивата на Москва против Украина во февруари 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе